Стремежот кон ЕУ е суицидна политика на Србија веќе 18 години. Дури и во време кога на сите им е јасно дека Србија нема многу бенефиции од членството во оваа организација, владата на Србија и поголем број од медиумите и понатаму “трубат” за бриселското “седмо небо”, нешто слично како и кај нас.
Дури и го убедуваат народот дека треба да се подготвени за така наречен компромис за косово и Метохија, бидејќи без решавање на тој проблем нема членство во ЕУ.
Нацртот на новиот буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, направен од Европската Комисија, јасно покажува дека во Брисел немаат намера во тој период да примат нова членка.
Европскиот комесар за буџет Гинтер Етингер изјави дека повеќегодишниот план не е предвидено ниту едно евро за нови членки.