Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова која досега живееше во селото Бекирлија, ќе живее во куќа во селото Дорфулија, каде има роднини.
Куќата е купена за Атиџе, и во неа ќе има нормални услови за живот.
Новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук објави видео од кое може да се види како изгледа куќата.
„После силната порака што ја испрати до целиот свет, мислам дека барем малку не задолжи сите нас… Кој сака да донира подолу го има линкот, а ако некој сака лично да и помогне, ќе ја најдете на 60 километри од Скопје, близу Лозово. А замислете колку добро ќе беше 24 министри да донираат 20% од платата за овој месец за личност како што е Атиџе“, пишува новинарот.
„Медена земја“ е номиниран за Оскар во две категории: најдобар документарен филм и најдобар филм од странско потекло.