ЈКП Комуналец ги зголемува цените на своите услуги – за ова информираше на денешната прес конференција директорот на претпријатието Рубин Абрашоски.
Тој истакна дека е свесен оти ова е непопуларна мерка, но е неопходна поради енормното зголемување на цените на енергенсите, репроматеријалите, цените на алати и машини потребни за нормално одвивање на работата во комуналното претпријатие.
– ЈКП Комуналец нема донесено одлука за корекција на цените на услугите уште од 2009. година. Со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието, во моментов доведено е во прашање и тековното финансиско работење како и извршување на оперативниот план. Свесни сме за тешката финансиска состојба на жителите на општина Прилеп, како и бизнис секторот, но со секојдневното зголемување на пазарните цени и нормално функционирање, доведени сме во ситуација да извршиме корекција на цените, истакна Абрашоски.
Со новите цени, домаќинствата ќе плаќаат за околу 30% повисоки сметки.
Зголемувањето на цените ќе се движи: за домаќинствата од 1,8 денар на м2 – цената се зголемува на 3 денари, за дворно место од 0,34 денар на 0,5 денар од м2;
За фирмите под кров од 3, 16 денари на 5,5 денари и за дворното место од 1,16 на 2 денари;
За училиштата и верските објекти од 1,84 на 3 денари, а за дворното место од 1 на 1,5 денари за м2.