ДРОН СНИМКА од синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ: Реката од народ се помасовна

Илјадници граѓани вечерва (среда) излегоа на масовен протестен марш кој започна пред седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а заврши пред Владата на Р.Македонија. Лидерот на партијата ја објави снимката од дрон на која може да се забележи масовноста на протестот

„Зората ќе дојде, а ние сме искрата која што ќе ја донесе таа зора!

Зората ќе го разбие мракот, зората ќе ги победи сите црнила, зората ќе донесе успех, зората ќе изгрее за секој еден од нас, секој еден од вас кој што е овде.

Зората ќе донесе ново утро, нова надеж, нови добрини и подобри времиња за сите граѓани во Република Македонија!“ – напиша Мицкоски на својот ФБ профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.