Земјите-членки на ЕУ до денеска на пладне треба писмено да се изјаснат за списокот на земји за кои од 1 јули ќе престанат да важат ограничувањата за патувања во земјите од Шенген зоната.
Минатата недела, земјите-членки изготвија „нацрт список“ од 15 држави, чии граѓани од утре ќе бидат во можност непречено да ги минуваат надворешните граници на ЕУ.
Ако ниту една од 27-те земји членки денеска до пладне на гласа пpoтив, списокот ќе се смета за усвоен.
Европската комисијата предложи Западен Балкан да биде меѓу првите на списокот, наведувајќи ги блиските односи на ЕУ и поради политиката за интеграција на регионот.
Засега само Србија и Црна Гора се наоѓаат на прелиминарниот список од 15 земји, заедно со Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.
Од друга страна, Албанија, БиХ, Македонија и Косово наводно до 15 јуни имале регистрирани по повеќе од 25 зapaзени на 100.000 жители, а просекот во ЕУ за овој период изнесувал 13 регистрирани случаи на Koвид-19 на 100.000 жители.
ЕУ наведува дека овој список ќе го ажурира на секои две недели, во согласност со најновите епидемиолошки податоци.