Во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 569 , Куманово 51, Дебар 12, Штип 35, Прилеп 43, Тетово 50, Струга 16, Велес 45, Битола 57, Охрид 38, Кавадарци 35, Гостивар 10, Гевгелија 14, Струмица 33, Крива Паланка 5, Радовиш 11, Крушево 2, Кочани 22, Пробиштип 5, Демир Хисар 5, Македонски Брод 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 4, Делчево 8, Кратово 3, Свети Николе 8, Кичево 27, Ресен 7, Неготино 8
Починати се 12 лица, четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68г), двајца од Битола (44 и 72г), еден од Куманово (70г), еден од Прилеп (59г), еден од Охрид (68г), еден од Струмица (76г),еден од Радовиш (58г) и еден пациент од Кичево (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти од: Скопје 71, Куманово 10, Дебар 7, Штип 18, Прилеп 27, Тетово 29, Велес 12, Битола 19, Гостивар 12, Гевгелија 14, Струмица 25, Радовиш 7, Кочани 15, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Пехчево 2, Берово 6, Валандово 6, Кратово 1, Свети Николе 4, Кичево 12, Ресен 4
Досега во земјата се направени вкупно 265.528 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37499, бројката на оздравени пациенти е 22835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13568.