Дваесетина минути по полноќ на улицата ,,Леце Котески“ во Прилеп, патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Д.М. од Мало Коњари, изгубило контрола и излетало од патот.
Притоа, со повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Кај сопатникот Б.Н. (24) биле констатирани телесни повреди.