ДЕТАЛИ ЗА ПРЕСТРЕЛКАТА: Со три куршуми ранет телохранителот на Оливер Спасовски и Петре Шилегов-одмазда, заштита или нарачно убиство?

Во 00,01 часот сестра од ургентен центар “Мајка Тереза“ пријавила дека е донесено лицето Трајковски Даниел род.11.09.1971 год. со повреди здобиени од огнено оружје на бул. Партизански Одреди кај бензинска пумпа Макпетрол. Лицето се здобило со огнострелни повреди во пределот на стомакот, градниот кош и раката

gjorc-768x432

Бркотницата започнала кај безнинската пумпа на „Макпетрол“, а завршила на бул. Партизански Одреди откако возилото со кое управувал Трајковски удрило во една од жардињерите и се првртело, по што настапила и престрелка.

spasovski-bliznak-1-768x467

Според засега неофицијални информации како што дознаваме од извори во МВР можно е да се работи и за одмазничка акција. Имено, браќата Трајковски откако се под закрила на Зорн Заев и Оливер Спасовски се замериле со голем број на бизнисмени и угледни луѓе кои почнале да ги рекетираат. Кршеле, палеле се заканувале барајќи изнуда. Има и информации дека употребувајќи материјали од нелегално прислушуваните разговори кои ги добиле од Заев почнале да уценуваат голем број на луѓе. Засега не се исклучува можноста некоја од жртвите на уцените на браќата Трајковски сама да се обидела да се заштити.

zaev-trajkovski-bliznak1

Освен ова,  дознаваме дека се разгледува како можна причина за престрелката, фактот што браќата Даниел и Дејан Трајковски кои досега беа верни извршители на матните работи на Зоран Заев, станале преголема закана за него. Имено, Заев на едниот му ветувал место како директор на Царинската управа, а на другиот министерска позиција. Како што станува се поочигледно дека Заев нема да може да им ги испорача барањата, почнале и да го рекетираат и самиот Заев, поради што истрагата не исклучува дека токму тој го ангажирал албанското подземје да ги елиминира.

ljube_bliznak2-e1479172492122

ИЗВОР: ИНФОМАХ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.