Вчера на патот Прилеп-Битола дошло до судир помеѓу мотоцикл „Јамаха” без регистарски ознаки, управуван од 30- годишниот К.И од Битола и патничко возило „Голф” со радовишки регистарски ознаки, управувано од 64- годишниот Ј.С од Радовиш.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека совозачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп, се вели во соопштение од МВР.