Десничари од целиот свет oбединете се! Голем собир во Лисабон – пристигнуваат Салвини и Болсонаро. Главна тема е борбата против социјализмот

Во мај, португалската партија Чега ќе биде домаќин на светскиот самит на лидерите на екстремно десничарските партии, на кој меѓу другите ќе учествуваат поранешниот бразилски претседател Болсонаро и италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

Претседателот на партијата Шега, Андре Вентура изјави дека Болсонаро и Салвини „веќе ја прифатиле поканата за големиот светски самит на десницата“ во Лисабон на 13 и 14 мај, пренесува Хина.

„Присуството на Болсонаро, Салвини и другите лидери на европската десница го прави Лисабон еден од најсилните нови центри на десницата во Европа и една од светските референци во борбата против социјализмот“, рече Вентура.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.