Денecка е пpaзник кога cпopeд вepyвањата ce иcполнyвaaт cите жeлби на жeнитe

Денеска е Света Агрипина, празникот кога се исполнува секоја желба на жените.

Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие.

Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника и ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина.

Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.

Доколку на денешниот ден се помолите на оваа светителка и во црква и запалите свеќа, се верува дека нејзината чудесна моќ ќе им помогне на сите болни и ќе ги излечи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.