Годинава традиционално по 37-ми пат во Општина Кривогаштани се одржа манифестацијата ’’Денови на македонска наросна носија’’ под покровителство на Министерството за култура а во организација на Општина Кривогаштани и КУД Илинден од Кривогаштани.
Дваесет различни народни носии од 20 различни места ширум Република Македонија продефилираа по улиците во Кривогаштани и пред стручното жири во Домот на културата во Кривогаштани каде избрани беа најдобра машка, најдобра женска и најдобра групна носија, додека по одлука на жирито доделена беше и награда за најдобар пар.
Секој учесник доби благодарница за своето учество на манифестацијата додка наградените покрај признанијата добија ваучери за викенд во Крушево и Охрид.
Манифестацијата беше збогатена со учество на Ансамбл Македонија кој повеќепати се претстави пред публиката со различни ора и песни што беше пофалено со огромен аплауз од присутните.
Оваа година манифестацијата имаше и меѓународен карактер бидејќи учество зедоа и претставници од Голо Брдо – Македонскиот дел од Албанија.
Со одлична организација и забава ораганизаторот им се заблагодари на учесниците и им посака довидување до наредната година!