Времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 20 до 28 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.