Ракометарите на РК Прилеп денеска во рамките од 11-то коло во Супер лигата, гостуваат кај двократниот европски шампион Вардар.
Со оглед дека прилепчани ги загубија шансите за пласман на горниот дел од табелата, денешниот натпревар нема голема тежина и очекувањата се дека Вардар без поголема тешкотија ќе забележи нов полн плен.
Со само две победи, еден нерешен резултат и дури 7 порази, прилепчани се наоѓаат на шестото место на табелата, а поразот од Вардар Неготино во минатото коло целосно ги разочара ракометните вљубеници во градот под Марковите Кули.
Натпреварот во “Jaне Сандански” се игра со почеток од 18:30ч.
До крајот на есенскиот дел од сезоната РК Прилеп покрај денешниот натпревар со Вардар, ќе игра на домашен терен против Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер и ќе гостува кај Голден Арт.