Православната црква и верниците денеска го одбележуваат Велики вторник, вториот ден од Страсната седмица, односно неделата на страдање.
Верниците овој ден го поминуваат во мир и молитви, бидејќи на овој ден не треба да се пее, игра и ништо не се прославува.
Денот се минува дома, мирно и во читање молитви, во исчекување на најголемиот христијански празник Велигден, кој сведочи за планот на Бог за спасување на човечкиот род.
Денеска е ден на строг пост, се зема само малку вода или кафе. Верниците се трудат оборкот да биде што пооскуден и поедноставен.