ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВЛЕГОА ВО РОМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Решија сами да се пресметаат со корупцијата

Романските демонстранти денес упаднале во зградата на парламентот во Букурешт, пред која претходно протестираа против законот за кој велат дека ќе ја зголеми корупцијата во државата.

Учесниците на протестот успеале да влезат во парламентот, следени од пратениците на опозиционата партија “Да го спасиме романското единство”, пренесува “АП”.

Демонстрните протестираа пред кабинетот на лидерот на владеачката Социјалдемократска партија, кој не може да биде премиер, бидејќи е осуден за лажирање на избори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.