ПОГУБНАТА ПОЛИТИКА НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ И СЛЕДЕЊЕТО НА ЧЕКОРИТЕ ОД СДСМ ЗА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА И ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ДРЖАВАТА, БЕА ПРИЧИНА ЗА ДЕНЕС СОВЕТНИКОТ НА ДС ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП, БЛАГОЈА КАРЕСКИ, ПРЕМИНЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ, СТОИ ВО НЕГОВАТА ДЕНЕШНА ИЗЈАВА ПРЕД МЕДИУМИТЕ.
“ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, ПОЧИТУВАНИ МЕДИУМИ! ПОГУБНАТА ПОЛИТИКА НА МОЈОТ ДОВЧЕРАШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, МЕ ПОТТИКНА ОД ДЕНЕС ДА БИДАМ ДЕЛ ОД ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВМРО-ДПМНЕ. ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ СТАНА ИНСТРУМЕНТ ВО РАЦЕТЕ НА СДСМ ПРЕКУ КОИ СЕ НАВЕСТУВААТ ЦРНИТЕ СЦЕНАРИЈА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
НЕ Е ЗАМИСЛИВО ВО СИТУАЦИЈА НА НАЈАВА ЗА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА,ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ И УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ДА ОСТАНЕ НЕМ СВЕДОК! ДРУШТВОТО СО ХАРМОНИКАШОТ ЈОВЕ КЕКЕНОСКИ И ЛИЧНИТЕ АМБИЦИИ ДОЈДОЈА ДО ИЗРАЗ И СЕ ПРЕПОЗНАТИ КАЈ СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДС КОИ МАСОВНО ПРЕМИНУВААТ ВО ВМРО-ДПМНЕ! ЧЛЕНОВИТЕ НА ДС САКААТ ПРОСПЕРИТЕТНА ТАТКОВИНА, ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК, СУБВЕНЦИИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПЕНЗИИ И СИГУРНИ ПЛАТИ И СОЦИЈАЛНИ НАДОМЕСТОЦИ! ЗАРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ ДС ОСТАНА БЕЗ ЧЛЕНОВИ ПОСЛЕДНАВА НЕДЕЛА. ВИ БЛАГОДАРАМ!”, ИСТАКНА КАРЕСКИ БЛАГОЈА ДОВЧЕРАШЕН СОВЕТНИК ОД ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП.