Силното невреме кое вчера попладне го зафати Пелагонискиот регион донесе обилни врнежи од дожд проследено со грмежи, а на одредени места паѓаше и пороен град.
Видеото во продолжение е снимено на патниот правец Битола – Ротино и прикажува колку сериозно беше невремето во овој дел на Пелагонија.
Засега не е познато какви и колкави штети градот има предизвикано врз земјоделските култури.