Денеска прилепските борачи и борачки зедоја учество на училишниот натпревар во борење, кој се одржа во Кочани. Учествуваа 11 борачи и борачки од Прилеп, а екипата беше предводена од тренерите Теодора Димеска и Леона Настоска.
Втората екипа со 4 борачки отпатува на силен Меѓународен турнир во Стара Загора, Бугарија, каде боите на БК “7-ми Mај” ќе ги бранат: Анабела Стојаноска, Ангела Трајкоска, Јована Тодороска и Тамара Цветкоска, а девојките се предводени од тренерите Стојанче Тушески и Филип Јованоски.
Од прилепските клуб очекуваат нови медали и веруваат дека одново ќе ја израдуваат прилепската спортска јавност.