Власта предводена од СДСМ доживеја уште еден вистински дебакл. Како во сите градови, така и во Кавадарци, граѓаните јасно им порачаа дека се против промена на името.
Народот не сака да ги слуша говорите на Зоран Заев и на неговите сопартијци кои се обидуваат да ги натераат да поддржат промена на уставното име.
Социјалдемократите и од кавадарчани ја примија пораката дека нема да бидат поддржани ваквите нивни политики.
Од друга страна пак, река од народ имаше низ овој град на протестниот марш кој беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што може да се забележи од фотографијата и видеото, има силен контраст меѓу посетеноста на владините собири за промена на името и маршот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.
Извор: “Курир”