Христијан Крстески & “Тикса бенд” од Прилеп имаат нова песна насловена како “Две срца вљубени”.
Песната е комплетно дело на авторот и продуцент Славко Ристески, а е снимена во неговото студио Prosound Production Studio.
Христијан и неговиот бенд направија и видео запис за истата, кој од денеска може да проследи на на нивниот јутјуб канал, како и на социјалните мрежи.
Христијан и Тикса не застануваат тука, па најавуваат и нови песни и видео записи за во скоро време, како авторски, така и проекти во живо.
Слушнете и уживајте во продолжение: