Два протести се одржаа изминатиот ден во Крушево. Со мотото “За Македонија се работи, резервна татковина немаме”, голем број крушевчани му се приклучија на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, со барање за одржување на закажаните избори на 5-ти јуни и враќање на државата на старите патеки.
[Best_Wordpress_Gallery id=”239″ gal_title=”KrusevozaMakedonija”]
Од друга страна протест со антимакедонски пароли и скријаните пораки за федерализација на државата, одржаа и припадниците на СДСМ, каде што забележливи беа албански знамиња. Ова не е прв пат на протестите од СДСМ да се видливи обележја на други држави, а паметиме и дека СДСМ не ги осудуваше паролите со картата на голема Албанија на минатите протести во Скопје.