Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на четириесеттата седница на Собранието го праша министерот за култура Роберт Алаѓозоски, зошто е одбиена и не е финансирана манифестацијата „Илинденски марш“ од страна на Министерството.
Тој истакна дека оваа манифестација ги поврзува луѓето од Лисиче и Аеродром кои веќе 40 години учествувале на манифестацијата.
-Кога веќе станува збор за културата и селективноста на вашите доделувања на одредени проекти и грантови во делот на културата, јас имам сериозни јавувања и реакции од граѓаните од општината од каде што доаѓам од Општина Аеродром, поточно Лисиче и луѓето кои што живеат во Лисиче и кои што ја градат културата во тоа населено место и еве ќе ја искористам оваа прилика да ве прашам по кој тоа критериуми после 40 години ја одбивте манифестацијата Илинденски марш во однос на финансирањето од страна на Министерството за култура. Ако некој би импутирал дека се работи за манифестација во која што гравитираат луѓе , приврзаници, блиски до ВМРО-ДПМНЕ или до други политички одредени субјекти , бидете убедени дека дебело ве излажал затоа што тоа е манифестација која што ги обединува сите лисичани. Тоа е манифестација во која што присуствуваат секое лето граѓаните од цело Лисиче и Аеродром па и цело Скопје независно од било каква нивна посебна припадност. Тука биле функционери и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и од сите политички партии во Република Македонија и било гордост и е уште гордост и ќе биде гордост на Лисиче, на Скопје и на Република Македонија. Ако во минатото власта ја практирале и ВМРО-ДПМНЕ па дури и влади на СДСМ што е за сериозна почит, одделувале средства од проектите во Министерството за култура, посочи Данев.
Тој се надева дека СДСМ и Алаѓозоски ќе ја исправат неправдата и во интерес на граѓаните ќе ја преинаичат одлуката и ќе најдат средства да го финансираат проектот.
-Јас не знам од кои причини, верувам дека се сериозно лукративни. Оваа година оваа манифестација е одбиена и не е финансирана од Министерството за култура. Апропо ова што го зборуваше Јовановски за одредена селективност и регионализација на доделување сретсва по однос на културни проекти на РМ јас сум убеден дека ќе најдете начин да ја исправите оваа сериозна грешка и сериозна неправда и заедно со колегите од СДСМ во интерес на граѓаните на Лисиче и Аердром ќе ја преиначите одлуката или ќе најдете средства да го исфинансирате овој проект. Пак ќе повторам, гордост на цело Лисиче и на цело Скопје кое што опстојува 40 години, рече Данев.