“Дали и денеска нема градски превоз? Пензионерите одат пеш по жештините, а им ветуваа бесплатен превоз??”

Kрахираше проектот со Јавниот градски превоз во Прилеп.

Проектот кој од 2014 година им го олеснуваше секојдневието на прилепчани, повеќе го нема.

И после десетина месеци владеење, новата локална самоуправа вината ја префрла на претходната власт во Прилеп.

Автобусите кои дотогаш функционираа непречено и се појавуваа навреме, денеска биле расипани, а виновни биле претходниците – вака некако вчера се обидоа да се оправдаат од Општина Прилеп.

На вака настанатата состојба најгневни се пензионерите, на кои иако им ветуваа бесплатен градски превоз во текот на целиот ден, добија бесплатно возење само во период од 8 до 12 часот.

Во овие летни денови кога автобускиот превоз им е најпотребен, пензионерите немаат можност да го користат.

Дали е ова почетокот на крајот на проектот кој беше од витално значење за Прилеп и прилепчани, останува да видиме…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.