“Дали е разрешен бидејќи се противел на двојазичната табла, спротивно на ветувањата пред изборите?”

Според неофицијални информации Јавната институција Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп, од вчера има нов раководител.

За в.д. директор е назначен Дејан Тошески кој доаѓа на местото на досегашниот директор Живко Сиљаноски, кој досега ја извршуваше оваа функција.

Можеби причината е вчерашното поставување на двојазочна табла пред овој центар, за која функционерите од СДСМ ги уверуваа прилепчани дека тоа е политички спин.

Граѓаните очекуваат новиот раководител да ја отстрани таа табла бидејќи законот е противуставен, а негативно мислење за истиот имаше и Венецијанската Комисија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.