Дали ваков инцидент се cлyчил денеска во Прилеп? Зошто нacтанот не е приjaвен во МВР?

З.М., поранешен началник на УБК Прилеп, моментно нераспореден на работно место во МВР, испукал во 14:30 часот со службен пиштол во простории на ПС Прилеп, поточно во канцеларија на првиот човек на АНБ (поранешна УБК) во Прилеп – дознава порталот “НЕТ ПРЕС”

Според сознанијата на “Нет Прес”, З.М. наводно бил незадоволен, бидејќи не добил префрлање од УБК во АНБ.

Според нашите сознанија пак, ваков настан не е пријавен во МВР. Засега останува нејасно што точно се случило и дали се случило денеска во ПС Прилеп.

Целата информација на “Нет прес” прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.