Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска промовираше пет нови проекти наменети за младите.
Тој истакна дека новите мерки се детално разработени и дека ќе бидат понатаму спроведени до Владата.
Првиот проект опфаќа изградба на 150 нови игралишта за баскет. Груевски информира дека проектот ќе почне во 2017. година, а планирано е да заврши во 2020. година.
Вториот проект, насловен „Инвестирај во својата иднина“ предвидува стипендирање на студенти за последипломски и докторски студии на некои од државните универзитети. Проектот ќе го води министерството за образование и истиот треба да почне во септември 2017.
Трет проект- комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски. Предвидено е реновирање на кровот на читалните и работните простории. Проектот ќе го води министерството за култура и предвидено е да почне 2017 година.
Четврт проект- Ново матично во Скопје. Истото треба да биде готово до средината на 2017 година.
Петти проект – Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје.