Во 2014 година Стево Пендаровски беше партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање е концепт кој ќе го промовира ДУИ. Ова во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21, го изјави Артан Груби.
Груби синоќа дебатираше заедно со Арбен Таравари, кој рече дека во 2014 година кога Пендаровски беше канидат за претседател, гласал за него во вториот круг.
Според Груби, принципот на консензуалност ќе ни донесе гувернер на НБРСМ да биде Албанец:
-Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, Агим Нухиу прв министер на МВР, народниот правопранител е Албанец, така ќе успееме да имаме и Гувернер, рече Груби.
Извор: republika.mk