На едно коло до крајот на сезоната Победа го завери првото место на табелата во рамките на Втората лига – Исток, и после подолго време се враќа во најелитното фудбалско друштво кај нас.
Денеска на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп Победа триумфираше со 2:0 над Кит-Го од Пехчево, а по поразот на Слога кај Беласица, последниот натпревар идната недела во Виница за прилепчани ќе биде само формалност.
После натпреварот грмеше соблекувалната на црвено-белите кои го докажаа квалитетот над останатите екипи.
Погледнете ја атмосферата и славјето на фудбалерите на Победа ТУКА