ГРМЕШЕ ГИМНАЗИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Гимназијалците вееа знамиња и извикуваа “МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА…” (ФОТО+ВИДЕО)

17321462_10210690988182324_1214179777_n

Средношколците од прилепската гимназија “Mирче Ацев” масовно се приклучија кон иницијативата “За заедничка Македонија”.

Грмеше гимназијата од гласот на стотината ученици, кои вееа државни знамиња и извикуваа “MAКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА!”

17327909_10210690987782314_1408795199_n

Учениците потоа низ шоколскиот двор се упатија во центарот на Прилеп, каде исто така го изразија својот револт во однос на урнисувањето на унитарноста на државата.

17355141_10210690991862416_1825270877_n

17351151_10210690990262376_980793436_n

17351283_10210690994102472_440455156_n

Свое видување новонастанатата политичка ситуација со прифаќањето на така наречената “aлбанска платформа” oд страна на СДСМ, даде и директорот на гимназијата Кире Николоски.

“Како директор на гимназијата “Mирче Ацев” oстро ja oсудувам платформата од Тирана за промена на државните симболи, униформите на безбедносните сили и воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик во државата. Со тоа сметам дека ќе се исполнат желбите  за формирање на така наречената “Голема Албанија. Jaс како директор давам целосна поддршка на македонските граѓани кои се спротивставуваат на мислењето на дел од политичарите и радикалните Албанци.

Untitled

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.