Градоначалникот Марјан Ристески беше домакин, на традиционалниот заеднички ручек што се случи денеска во манастирот „Св. Димитрија“ во нaселеното место Селце.
Градоначалникот Ристески го честита празникот посакувајќи многу здравје и среќа, а со задоволство истакна дека ова „Здружение на бакали“ е едно од најактивните во Република Македонија и дека е горд што и тој потекнува од бакалско семејство.