Градоначалникот не кажа од кого се ослободил Прилеп на денешен ден: Страв или незнаење? (Видео)

Страв, или незнаење? Зошто е толку тешко да се каже вистината јавно пред граѓаните? Зошто на сегашните власти им е тешко да кажат фашистички или нацистички окyпaтop?

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот кај месноста „Песјобрдце“, спомениците на Методија Андонов – Ченто и Кузман Јосифоски – Питу, како и на Могила на непобедените, со што беше одбележан Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември.

Во обраќањето до граѓаните, Јованоски не кажа од кого тоа се ослободил Прилеп и против кого се бореле стотици и стотици знајни и незнајни борци од Народноослободителната борба за слободата во која уживаме денеска.

Историски податоци кои на политичарите од власта не им се познати, или се прават дека не ги знаат

Од 19 април 1941 година, до 8 септември 1944 година со Македонија управува бугарскиот нацистички окупатор. Откако на 5 септември 1941 година, Советскиот сојуз и објавил војна на Бугарија, Бугарите брзо го променуваат курсот и како секогаш во историјата одново се вртат кон победничката страна. Новата влада на Константин Муравиев објавила војна на нацистичка Германија на 8 септември 1944 година

Повеќе од 3 години бугарскиот окупатор ја држел сардисана Македонија и македонскиот народ, а кога виделе дека војната е загубена, се свртиле кон силите на сојузничките држави.

Ослободувањето на Прилеп започнало на 29 октомври и траело до 3 ноември 1944 година.

Како се одвивала акцијата за Прилеп и кои биле најважните битки, прочитајте во продолжение:

76 години од ocлободyвањето на Пpилеп: 5 дена се воделе жecтоки битки кај Bapoш, Плетвap, Mapкови Кyли – ова е акциjaта за Пpилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.