Го фрлал кокаинот во ВЦ школката, но не успеал да пушти вода: Полицијата го фати на дело!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.А. од Кичево, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“.

На 23-ти овој месец во Кичево од страна на полициски службеници при претрес во домот на пријавениот, истиот давал пасивен отпор и со туркање ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија.

Пријавениот од работната маса во кујната зел две кеси со бела прашкаста материја и ги фрлил во тоалетот, но бил спречен да пушти вода. При претресот биле пронајдени и одземени одредена количина кокаин, марихуана и 188.100 денари, два мобилни телефони и сим картичка.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор од 30 дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.