Италијанскиот шампион ја засили конкуренцијата во нападот.
Како што пренесуваат бројни италијански медиуми, Јувентус ја засили конкуренцијата во нападот со договарањето на транферот на младиот Габриел Жезус од Палмеирас.
Овој 19-годишен напаѓач во домашното првенство веќе го доби надимакот “Феномено” по неговиот идол Роналдо.
Спортскиот директор на Јуве, Бепе Марота испратил понуда помеѓу 15-20 милиони евра, која ќе биде поделена помеѓу клубот и агенцијата која ги поседува правата за овој фудбалер.
Инаку за него беа заинтересирани уште и Интер и Манчестер Јунајтед, Јувентус беше побрз и ги осигура услугите на Бразилецот.
Доаѓањето на Жезус би можело да значи заминување на некој од напаѓачите на Јуве, пред се на Симоне Ѕаѕа, за кого веќе се заинтересирани неколку премиерлигашки клубови.
Запознајте го новиот напаѓач на Јуве:
А.Г.