Според информациите кои ги добивме, активни пожари има во атарот на три прилепски села.
Пожар има во атарот на селата Царевиќ, Радобил и Топлица, а состојбата е најлоша во Мало Радобил и Топлица, каде како што дознаваме постои опасност огнот да дојде до населените места.
Екипите на територијалната противпожарна единица од Прилеп дневно добивале и по десетици пријави за запалени стрништа, а од овие пожари дел предизвикуваат материјална штета, но се случува да биде зафатена и некоја викендица.
Од противпожарната единица апелираат граѓаните да се воздржат од палење на треви и стрништа и да се спречат несакани последици.