Тешки мигови за Џенова и македонскиот репрезентативец Горан Пандев, тимот загуби со убедливи 5-0 на вчерашното гостување кај Пескара, а бесните фанови го нападнаа клупскиот автобус по враќањето дома.
Италијанските медиуми информираат дека повеќе од стотина ултрас фанови на Џенова ги чекале фудбалерите и стручниот штаб, и сакале да ги нападнат по срамниот резултат на вчерашниот меч од Серија А.