“Денешното кафе заменете го со пакет вода за пиење, а облеката која не ја користите наместо во отпад, подарете ја некому”, е мотото на акцијата на навивачката група на ФК Победа ,,Мајмуни”, за помош на настраданите од поплавите во скопскиот регион, a кон истата се приклучија и ја подржаа и фудбалерите на Победа.
На пунктот сместен пред центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, денес, почнувајќи од 10 часот се собира хуманитарна помош за настраданите во катастрофалното невреме што го зафати главниот град. Интересот е огромен, а граѓаните се солидаризираат и пружаат колку што можат.
Истовремено на плоштадот “Методија Андонов Ченто” на одделен пункт на Црвениот Крст – Прилеп, исто така се собира помош за сите погодени семејства.
Локалната самоуправа на општина Прилеп, најави отворање на такви пунктови и во одделни населби, со цел да се олесни собирањето на хуманитарната помош.