За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци трае зимскиот распуст. Распустот годинава ќе трае до 18 јануари 2017 кога ќе продолжи наставата. Олеснителна околност е тоа што се на распуст на екстремно нсиките темепратури.
Во учебната година треба да има 180 работни денови, а со оглед на тоа дека во оваа повеќе празници се во работни денови, зимскиот распуст е пократок за еден ден, појаснуваат во Министерството за образование и наука.