Германија бара помош од Кина: „Претседателе Си, сам ќе ја истоварам опремата, само нека пристигне”

Германскиот политичар Штефан Пуш ја повикал Кина да помогне.

Администраторот на германскиот округ Хајснберг и член на владејачката ЦДУ, Штефан Пуш, ја замолил Кина за помош во борбата против коронавирусот.

Пуш во отворено писмо до кинескиот претседател Си Џинпинг ја замолил Кина за помош во заштитна опрема, бидејќи резервите на заштитни маски и кецели се при крај.

Тој во писмо проследено до кинеската амбасада во Берлин потсетил дека властите во Кина во борбата против коронавирусот постојано истакнувале колку е важно да се има доволно заштитна опрема.

„Доколку кризниот штаб и болниците не можат да набават доволно заштитна опрема тука, што е многу тешко, тоа би имало многу тешки последици по здравствениот систем на округот Хајнсберг и сите граѓани. Како администратор ја молам Кина за помош”, се наведува во писмото.

Тој нагласил дека лекарите во Кина имаат најголемо искуство во борбата со епидемијата и дека размената на стручни искуства би била корисна.

Со повеќе од 1.000 заразени и 21 смртен случај, овој округ на територијата на покраината Северна Рајна Вестфалија е соочен со голем проблем.

Пуш нагласил дека би можел да замисли и создавање на партнерство на германскиот округ со кинеската провинција Вухан, која била жариште на инфекцијата во таа земја.

Откако го објавил отвореното писмо, му се јавил генералниот конзул на Кина во Дизелдорф и му понудил помош.

„Убаво разговаравме и ни ја понуди својата помош”, пренел Пуш во видео пораката која ја објавил.

Тој истакнал дека генералниот конзул му рекол да му пренесе какви потреби има, и дека тој ќе тоа ќе го проследи понатаму, а дека Кинезите ќе направат се што можат да помогнат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.