Втор Фестивал на руската дијаспора во Скопје, Свети Николе и Прилеп

Втор Фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“ ќе се одржи од денеска до 17-ти месецов во Скопје, Свети Николе и Прилеп.

 

ruska-dijaspora-640x294

Целта на Фестивалот на руската култура е да ги прикаже достигнувањата на руската дијаспора во Македонија во денешно време, обединувајќи различни колективи и индивидуални претставници од целата Република.  
 
Во рамки на фестивалот ќе се одбележат низа значајни датуми меѓу кои: 100 години од смртта на Распутин, 50 години од смртта на Ана Ахматова, 120 години од првата изведба на „Галеб“ на Чехов, 240 години од основањето на Бољшој театар…
Дел од уметничката програма е претставата „Принцезата жаба“, што ќе ја изведат гости од Бугарија.
Фестивалот е организиран од здружението на руски сонародници „Чајка“ со финансиска поддршка од Управата на Москва.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.