Во Романија кривична одговорност, а кај Катица Јанева непотизмот бил зајакнување на капацитетите

Поранешна романска пратеничка осудена поради непотизам – ја најмила својата мајка за работа во Парламентот. Додека во Романија за непотизам кривично се одговара, кај Катица Јанева непотизмот претставува „зајакнување на капацитетите“.

 

111

Поранешната пратеничка од романската Социјалдемократска партија Оана Никулеску Мизија, вчера е осудена од Врховниот касациски суд на една година затвор условно по обвинение за конфликт на интереси, соопшти агенцијата “Аџерпрес”, цитирана од агенциите.

Поранешната народна претставничка била обвинета дека ја најмила мајка си за работа во својата парламентарна канцеларија. Првично во октомври 2014 година, Оана Никулеску Мизија е осудена на три години затвор условно. Вчера, петчлен судски состав и ја усвои жалбата и ја намали казната.

Во судницата поранешната пратеничка изјави дека ја најмила мајка си во парламентарниот канцеларија, бидејќи никој друг не сакал да ја преземе функцијата советник во тешката изборна комисија Рахова-Ферентари. Оана Никулеску Мизија била испратена на суд во септември 2013 година.

Според обвинителите нејзината мајка Лидија Никулеску Мизија Штефанеску реализирала приходи во износ од 14.500 евра за својата работа во парламентот во периодот од  мај 2009 до септември 2011 година. Во март 2015 година Оана Никулеску поднесе оставка како пратеник.

За Катица Јанева вработувањето роднини е зајакнување на капацитетите

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во неодамнешното гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија го потцени македонскиот народ и фелата од каде доаѓа и самата. Таа призна дека во СЈО постојат роднински врски што е вистински срам. Според Јанева, јакнењето на капацитетите на СЈО подразбира вработување на нејзини роднини како дел од тимот.

-Да, бидејќи сите се свесни дека е на определено време. Има роднински врски во нашето обвинителство со компетентни кадри, е одговорот на Катица Јанева на прашањето „Дали јакнењето на капацитети на СЈО подразбира и вработување на ваши роднини?“ за време на нејзиното гостување во емисијата Топ Тема.

На прашањето нели тоа е непотизам, против кој таа треба да се бори, Јанева со одговор:

-Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник, гордо потврди Јанева.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.