Тетово има посебен обичај за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Кај нив светиот крст во водите се фрла два пати, во две цркви, два дена едноподруго – еднаш на 18-ти во црквата Св.Богородица (Водокрст – денот кога е крстен самиот Јован Крстител), вториот пат утре на Водици во црквата Св. Кирил и Методиј.
Денеска најсреќен и прв до светиот крст дојде Димитар Спасески.