Во недела прв отворен ден во компанијата “Гентерм”: Сите заинтересирани граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со условите за работа

Koмпанијата на американскиот гигант од автомобилскиот сектор, “Гентерм”, сместена во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп, во недела 26.08.2018 година од 11:00 до 13:00 часот, ќе овозможи сите заинтересирани да ја посетат фабриката и да се запознаат со процесите и работните места за време на прошетката, која ќе се спроведе од страна на претставници на компанијата.

Превозот за Граѓаните ќе биде организиран со тргнување од 10.30 часот од пред Реклами.

Компанијата ги повикува заинтересираните граѓани да дојдат, да бидат нивни гости и самите да се уверат во добрите услови за работи кои ги нудат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.