Eкс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на Фејсбук објави загрижувачки фотографии од Преспанското езеро, кое се наоѓа во катастрофална состојба.
Тој информира дека во албанското Собрание вчера се побарало одговорност од нивниот министер за животна средина.
“Вчера во АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ се одржа седница за ИНТЕРПЕЛАЦИЈА на МИНИСТЕРОТ за животна средина заради состојбата со ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО… Кај нас, уште го бараме езерото на мапа… А кој беше министер?” – напиша Димовски.