Живи животни се сеуште на продажба во кинеските пазари за храна кои беа повторно отворени откако владата прогласи победа против коронавирусот.
Кафези полни со кучиња и мачки, кои го чекаат судниот час, ова е сликата од кинеските пазари, често нарекувани “вет-маркети”, пренесува Дејли Меил.
Државата нареди да се затворат вет-маркетите за јануари и февруари, откако се откри дека коронавирусот настанал и се пренесол за прв пат во луѓето преку конзумирање на месо од лилјаци, пренесува Бизнис Инсајдер. Но, сега откако Кина се избори со вирусот, пазарите повторно се отворија, а “продуктите” се исти.
Chinese food market circa now pic.twitter.com/oWE7pHf9yQ
— Jim Cramer (@jimcramer) February 24, 2020
Извор: dailycaller