Вистински хаос владее на планинските превои низ државава.
Снегот кој започна интензивно да паѓа синоќа и во текот на денешниот ден, целосно го завеа и планинскиот превој Плетвар кај Прилеп.
На Фејсбук страната “Ѕид на сообраќајниот срам” се појави и фотографија со предупредување, возачите да внимаваат и да возат внимателно.