Познатата ТВ водителка Катарина Шишмановиќ, која ние ја гледавме на “Сител” во ТВ шоуто “Се за љубов”, се повлече од екраните, а зад себе имаше тежок период.
Таа со години се забавуваше со Горан Стаменковиќ, сопственикот на “Емоушн”, а пред неа тој беше со водителката Ана Михајловски, со која има ќерка.
По раскинувањето на долгата врска со него од седум години, Катарина се омажи во Словенија, а бракот и траеше само една година.
Потоа, му се врати на Горан. Нивната љубов траеше само две години, а раскинувањето беше дефинитивно.