ВМРО-ДПМНЕ: “Социјалците излажани од Локвенец и градоначалникот?? Успеаа и “Пивофест” да го уништат??”

Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес конференција)

Прес конференција на Хари Локвенец (17.07.2012 година), актуелен пратеник од СДСМ.

“Искрено сакаме да им се заблагодариме на прилепчани и за овогодинешната поддршка на пивофест, како и секогаш се покажаа како одлични домаќини и честити луѓе, кои знаат да се справат и носат со манифестации, во најмала рака, од балкански размер.

Се покажа дека манифестацијата која беше отпочната и иницирана во време кога СДСМ стоеше на чело на градот, е еден успешен проект, кој носи огромен бенефит и економска полза за Општината, проект кој премина во симбол и традиција за градот.

Во иднина, сите оние работи кои граѓаните ги подржуваат од аспект на целосната организација на фестивалот ќе останат, а нивните забелешки ќе бидат разгледани и имплементирани, со цел да имаме уште поубава манифестација.

Оваа Јубилејна, 10 годишна поред организација на пиво фест, всушност и ја потврдува оправданоста на еден ваков настан, од аспект на илјадниците посетители и многуте тони потрошени и конзумирани пиво и скара.

Според тоа, точни се бројките за големиот прoмет на угостителите, дуќанџиите хотелиерите, итн, во градот, но исто така големa добивка има и Општината. Според она што официјално имавме прилика да чуеме од организаторот, само од паркинг услуги Општината инкасирала повеќе од пет милиони денари.

На што ќе се потрошат милионските суми кои Општината ги собра за Пиво Фестот ?
Нашиот предлог е: Со милионскиот приход од овогодинешниот Пиво Фест, Општината да ги плати извршните решенија за комунални долгови на социјалните случаи во градот”

Почитувани,

Помина уште еден Пивофест, овојпат во организација на локалната власт предводена од СДС. Добро е што се продолжи со оваа традиција и што конечно СДС сфати колкаво е значењето на оваа манифестација за Прилеп и прилепчани, иако многупати во минатото истите ја критикуваа на прес конференции.

Во претходните години, од улога на опозиција ветуваа нов начин на организација, поинаква атмосфера, но она што може да се констатира од одржувањето на овогодинешниот Пивофест е дека истиот речиси во ништо не се разликува од минатите години, освен по далеку послабата посетеност која е резултат на лошата организација.

Челниците на СДС во изминативе години излегуваа со низа забелешки и констатации околу начинот на организацијата на оваа манифестација и трошењето на приходите од истата.

На една од прес конференциите, несудениот градоначалник, ама актуелен пратеник, Хари Локвенец предлагаше со милионскиот приход од Пивофест, Општината да ги плати извршните решенија за комуналните долгови на социјални случаи во градот. Еве сега, градоначалникот Јованоски, ја има можност да го реализира овој предлог на СДС и со тоа да направи конечно нешто корисно за Прилеп и прилепчани.

Но, од градоначалникот Јованоски вакво нешто не слушнавме.

Типично однесување и за него и за Локвенец, но и за сите од СДС. Кога беа во опозиција создаваа лажна слика за себеси, која веќе излезе целосно на површина. Се надеваме дека ќе бидат доблесни и ќе реализираат ова ветување дадено пред пред шест години, затоа што нашите сограѓани одамна изгубија доверба во нивните зборови, кои не се поткрепени со ниту едно дело.

А до година, градоначалниче Јованоски слободно побарајте помош од тие што знаат како се организира ваков настан затоа што овој фестивал е од интерес на градот и треба да живее!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.