ВМРО-ДПМНЕ: По 3 илјади денари за средношколци, деца без родители и невработени

„Владата прифати да му помогне на дел од стопанството и со тоа прехранбената индустрија ќе добие фиксна цена на електрична енергија која е пониска од цената на слободниот пазар“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат:

„Имено, со амандманите предлагаме финансиска поддршка од 3000 денари да има за сите самохрани родители, а не само за оние чии деца се на возраст до 7 години и се приматели на гарантирана минимална помош. Бараме по 3000 денари месечна финансиска поддршка за сите средношколци, деца без родители и родителска грижа, по 3000 денари и за невработените лица кои се активни барали на работа, како и за корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително сметаме дека поддршката за пензионерите е недоволна и не ги опфаќа сите и токму затоа бараме сите пензионери со примања до 18.000 денари да добијат месечна финансиска поддршка од 3000 денари, тие што имаат до 30.000 денари да добијат 2.000 денари месечно, а останатите по 1000 денари месечно“, рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.