ВМРО-ДПМНЕ именуваше портпароли и избра 14 претседатели на општински комитети

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа седница на која што се расправаше за општествено економската состојба во државата. Презадолжувањето на државата, повлекувањето кредити без реална потреба и без реализација на никакви проекти, според сите анализи водат кон економски крах. Никој не знае на што и како се трошат милионите евра од задолжувањето, кои ќе ги враќаат идните генерации, велат од партијата.

-ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека на оваа несовесна политика мора да се стави крај. Државата не може да продолжи по патот на расипништво. На состанокот беа разгледани и неколку кадровски прашања. ИК именуваше и два портпароли, Наум Стоилковски и Димче Арсовски, стои во соопштението и се додава:

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе и одлука за избор на претседатели на следните ОК:

Иван Јорданов – Штип, Мирче Аџиоски – Струга, Бошко Цветковски – Лозово, Коста Маневски – Зелениково, Анри Андоноски – Крива Паланка, Ѓорѓи Граматиков – Дојран, Митко Костадиновски – Виница, Никола Атанасов – Берово, Јован Тозиевски – Ресен, Миле Лефков – Кочани, Ненад Јовчевски – Тетово, Дарко Костовски – Бутел, Сашо Донев – Охрид, Иванчо Тошевски – Битола

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи и дека треба да запре злоупотребата на институциите и државните ресурси за партиски потреби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.